Хрватското чудо од дете хит на НБА драфтот

Од:

Со почеток во 1 часот после полноќ по македонско време, започнува НБА драфтот на кој хрватската кошарка е пред историски настан, затоа што младиот Марио Хезоња би можел да го сруши ланскиот рекорд на Дарио Шариќ.

Го носи прекарот европски Коби Брајант, одлично котира во пресрет на вечерашниот драфт и заедно со Кристапс Порцингис ќе бидат главни европејци меѓу првите 10 кошаркари.

Спортскиот директор на Цедевита, Матеј Мамиќ вели дека Хезоња ќе биде вистинско освежување за НБА, а го цитираат повеќе американски медиуми: – „Марио Хезоња е единствен играч на НБА драфтот кој верува дека би можел да го победи Коби Брајант во дуел еден на еден“, напиша Мамиќ на Твитер.

Хезоња игра на позицијата бек-шутер, својата кариера ја започна во КК Дубровник, каде со 13,5 години заигра за сениорите и тоа против Цибона. Потоа преминал во КК Загреб, а на ЕП до 16 години во Чешка ја доби наградата МВП. Тој во 2012. година потпиша 3-годишен договор со Барселона, со која лани ја освои АЦБ лигата. За трансферот КК Загреб добил 150.000 евра.

На денот на драфтот Хезоња одлично се искачува на листата, но поради казнениот тренинг во Барселона, ќе мора да го пропушти патувањето во САД. Хрватските медиуми веќе на големо ги пренесуваат информациите од САД според кои воопшто нема сомнеж дека ќе биде избран меѓу првите 10 кошаркари.

Во моментов подобро од Хезоња на НБА драфтот 2015 котираат првиот пик Карл-Ентони Таунс кој сигурно ќе замине во Минесота Тимбервулвс.

Како втор пик Лејкерси веројатно ќе го потпишат Џахил Окафор, трет е Д’Анџело Расел, бек-шутер кој најверојатно ќе игра за Филаделфија. Четвртото место на драфтот е предвидено за Летонецот Кристапс Порцингис, а петтото место му припаѓа на Џастис Винслоу кој е пред вратата на Орландо Меџик.

Минатата година, Дарио Шариќ беше избран како 12-ти пик на драфтот со што стана најдобро пласираниот Хрват во историјата на НБА драфтот. За разлика од Хезоња, Шариќ се реши и следната сезона да игра во Европа, поточно во Ефес Пилсен кај Дуда Ивковиќ.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос