Презентиран четвртиот извештај на Националниот превентивен механизам

Од:

Од 38 полициски станици во Македонија за 28 народниот правобранител препочарува да се затворат за задржување на лица лишени од слобода или да се користат за караткотраен престој, бидејќи нема соодветни услови.

Ова денеска на прес-конференција го порача народниот правобранител Иџет Мемети на која го презентираше Извештајот на Националниот превентивен механизам за 2014 година, при што се извршени 29 посети од кои 14 редовни, 12 контролни и три вонредни.

– Од посетите на полициските станици утврдивме дека и понатаму во најголем дел не се исполнети стандардите на местата на задржување. Иако бевме информирани дека согласно нашите препораки ќе бидат реновирани врз основа на Акциониот план 2012-2015, констатирам дека заложбите остануваат декларативни, истакна Мемети.

Народниот правобранител информира дека за проблемот со полициските станици разговарал со министерот за внатрешни работи кој изразил подготвеност да ја измени поставеноста на станиците за задржувањето на лицата да се спроведува во оние станици кои исполнуваат европски стандарди.

При посетата на полициските станици било забележано дека биле приведувани и деца од 10-11 годишна возраст што е спротивно на Законот за правда за деца. Приведуваните деца биле од улица или од Јавните установи во кои се водат како исчезнати.

Народниот правобранител забележал влошување и на условите во петте казнено-поправни установи и Воспитно поправниот дом во Тетово.

– И оваа година имавме случаи во кои лицата ги менуваа првично дадените изјави дека биле жртви на тортура. Имавме пример во кој затвореник се жалеше на тортура од службено лица и во текот на постапката ја смени изјавата дека повредите се од други осудени лица, истакна Мемети.

Потенцира дека при посетата на затворот во Куманово утврдиле дека нема услови за ресоцијализација. При посетата на Воспитно-поправниот дом Велес Мемети рече дека изразил загриженост за лошите услови и третманот на децата во домот.

Минатата година биле посетени и психијатриските болници каде меѓу другото било утврдено дека и покрај тоа што се прават напори за подобрување на условите, сеуште има оддели кои се под стандардите.

Народниот правобранител во Извештајот ги нотирал и состојбите со Прифатниот центар за странци. При тоа тој препорачува да се овозможи пристап до процедурите за азил, како и до заштитните механизми, дислокација на Прифатниот центар за странци со што ќе се обезбедат соодветни услови согласно меѓународните и домашните стандарди, децата и жените да бидат сместени во алтернативни сместувалишта и да се обезбедат соодветни активности согласно нивните потреби како ранливи групи.

Извештајот на Нционалниот превентивен механизам ќе биде доставен до Поткомитетот за превенција на тортура на Обединетите Нации и ќе биде објавен на веб страната на Народниот правобранител.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза