ВИДЕО: Посмртен венец за владеењето на Груевски

Од:

Активистите од ЛГБТИ заедницата, од Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија и граѓани, денеска поставија посмртен венец пред Владата во знак на револт за начинот на владеење на Груевски и неговите министри и нивниот однос кон оваа заедница. Тие побараа оставка од Никола Груевски и од неговите министри и прогласија мораториум на секаква понатамошна соработка.

– Пред точно две години кога почна одбележувањето на Неделата на гордоста во ЛГБТИ центарот за поддршка на Хелсиншкиот комитет бевме нападнати од четириесетина маскирани лица и тоа во присуство на полицијата. Од тогаш до денес, владата на Никола Груевски со сите ресорни министерства нема преземено ниту еден чекор да ги фати виновниците, уште помалку да го осуди насилството, а не ни помислуваат да преземат каков било чекор со афирмативна порака со која на јавноста јасно ќе и укажат дека во оваа држава нема место за насилство и дискриминација врз кој и да било граѓанин или граѓанка. Како рефлексија на целокупното владеење на Никола Груевски, со бандата што седи во неговата влада, во оваа држава, образованието продолжува и е извор на хомофобија и на ширење на конзервативизам и востоличување на патријахалните вредности. Универзитетите ја изгубија својата автономија, а критичката мисла се закопа. Поради хомофобијата во образованието, за солидарност со нашите сограѓани и сограѓанки, бараме оставка ов владата на Никола Груевски, на чело со него и од денес прогласуваме мораториум на оваа влада, рече Славчо Димитров, активист.

Во денешното протестно обраќање до Груевски, беше изразена солидарност и поддршка за сите експлоатирани работници во тнр. странски инвестиции кои што ги донесе и од кои се збогати владата на Груевски.

– Поради тоа што здравството стана место каде што се усмртуваат млади деца и каде што се дискриминираат сите граѓани, Никола Тодоров и сите претходни министри од оваа влада одбиваат каква било соработка и почитување на основните човекови права на граѓаните на Република Македонија. Бараме оставка, прогласуваме мораториум на оваа влада и на министерството за здравство, рече Димитров.

Беше побарана оставка и од министрите на МВР, Министерството за труд и социјална политики, за култура, бидејќи, како што беше кажано, тие се ништо повеќе од спроведувачи на насилството и прекршувањето на човековите права на граѓаните.

– Поради тоа што јавниот простор е пренатрупан со симболи на мажи и на насилство, окупиран е секој чекор на јавниот простор во кој се движат граѓаните, поради тоа што јавниот простор е место на насилство, се повеќе граѓани и граѓанки се плашат да се движат слободно и живеат во страв, бараме оставка од целата влада и коалициониот партнер и прогласуваме мораториум на владата на Груевски, рече Димитров.

Тие во иднина се до оставката на Груевски ќе одбиваат секакво легитимирање на оваа влад и донесоа венец за симболично да ја покажат политичката смрт на владата на Груевски.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Условна казна за скопјанец кој нападна припадник на ЛГБТ заедницата

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Светска банка: Економското вклучување на ЛГБТИ луѓето ќе го зголеми БДП на Северна Македонија и Србија

ВИДЕО: Над 2.000 луѓе во Грузија нападнаа ЛГБТ поворка

Предраг Петровиќ

Епископот Јаков со одговор до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Предраг Петровиќ

Костадин Костадинов влезе во војна со ЛГБТ организациите: Струмица излепена со „пречкртано виножито“

A1on