Во Собранието комисиска дебата за мигрантите и правото на азил

Од:

Европската унија има капацитети да прими многу повеќе луѓе и затоа не треба да се однесува кон Македонија и кон Србија како кон земји кои треба да бидат нивни „бафер зони“ и места каде што ќе не трупаат со бегалци. Ние немаме такви капацитети и им препорачуваме да не се надеваат на такво нешто во Македонија.

Ова го изјави Јасмин Реџепи од НВО Легис на денешната дебата за Азилот и европското законодавство што ја организираше Комисијата за европски прашања во Собранието на Република Македонија.

ЕУ, според него, треба да ја олабави мигрантската политика го следат примерот на Турција која официјално прифатила два милионa мигранти, а неофицијално има многу повеќе. Од информациите што НВО Легис ги има од терен, овие луѓе не бегаат во земјите од Западна Европа само поради лошите услови за живот и безбедносната ситуација, туку одат таму затоа што имаат пријатели и роднини и ќе бидат згрижени. Тие, според него, во овие земји нема да бидат на толкав голем тoвар на ЕУ.

Реџепи ја повика ЕУ да помогне да се изгради нов прифатен центар за мигранти во земјата.

Позитивно ги оцени измените и дополнувањата на Законот за азил и привремена заштита, меѓутоа вели дека сега проблемите се јавуваат во меѓуграничните зони на Македонија со Грција и со Србија каде што понекогаш има и до 500 мигранти кои се соочуваат со разбојници. Упати апел да се направи меѓудржавна координација за да не се создаваат илегални кампови меѓу граничните премини. Побара од македонското МВР да стапи во контакт со нивните српски колеги за да се постигне договор за признавање на потврдите што ги издава македонската држава од страна на српските власти и со тоа да се создадат услови мигрантите достоинствено од една во друга држава да преминуваат на прекуграничните премини.

Реџепи им се заблагодари на сите луѓе во земјава коишто им помагаат на мигрантите. Особено ја издвои Ленче Здравкин од Велес која, како што рече, цела зима секоја вечер ги чекала луѓето на балконот од својата куќа за да им даде помош.

Во 2014 година во споредба со 2013 година бројот на нелегални мигранти во ЕУ имал раст од 164 отсто, односно нивниот број изнесувал околу 240.000, изјави вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими.

ЕУ, според него, им помогнала на 33 држави коишто се соочуваат со наплив на мигранти и одвоила средства во висина од 850.000 евра за хуманитарна помош.

– Утре и задутре Европскиот совет и лидерите на ЕУ ќе разговараат за овој предизвик. Овој состанок се случува неколку дена по Меѓународниот ден на бегалците и донесувањето на измените на Законот за азил, рече Бесими.

Македонија нема влијание на случувањата на Блискиот Исток, рече вицепремиерот, но сноси одговорност како членка на ОН и потписничка на повеќе конвенции да ја чува солидарноста и хуманоста. Македонија, која е земја-кандидат за членство во ЕУ, рече Бесими, во Брисел беше тема на разговори од кои што произлезе препорака за добар политички дијалог и целосно почитување на договорот постигнат на 2 јуни имајќи ги предвид интересите на граѓаните. Се што е напишано на таа листа, истакна вицепремиерот, треба да се исполни, а се подготвуваат план и препораки за исполнување на забелешките кои ќе се проверуваат на неделна основа. Сепак, потенцираше тој, потребен е политички консензус и волја за нивно исполнување.

Од примената на измените на Законот за азил, не е забележан несреќен случај на мигранти кои поминуваат низ територијата на Република Македонија на пат кон земјите од Западна Европа ниту, пак, напад на мигрант, истакна државниот секретар во МВР Анастасија Илиеска. Измените, додаде таа, добија високо мислење од претставници на Европската комисија.

– Во соработка со меѓународните организации и НВО во тек е изработка на стандардни оперативи за третман на непридружувани малолетни деца, истакна Илиеска.

Според податоците од 2009 година наваму, бројот на барателите на азил е зголемен за повеќе од десет пати, особено изразено е зголемувањето последните години.

Македонија, рече таа, не е ниту прва, ниту финална дестинација на мигрантите и ова не е локално прашање. Со новите законски измени се овозможува подобрување на увидот и евиденцијата на лицата кои транзитираат преку Република Македонија. Целта ни е, рече Илиеска, да ги заштитиме граѓаните особено во јужниот дел од државата каде што од Република Грција, земја-членка на ЕУ, мигрантите влегуваат на македонска територија.

Со измените на Законот за азил и привремена заштита нема целосно да се реши проблемот со мигрантите кои минуваат низ Македонија, смета правобранителот Иџет Мемети кој рече дека правниот систем треба да се надгради, унапреди и усогласи. Според него, им се ограничува правото на азил на странските државјани кои го бараат тоа.

Локацијата на прифатниот центар во Гази Баба е несоодветна, вели Мемети. Се наоѓа во населено место, условите и пристапот се лоши.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза