Прајут Кан-ока: Нема легализација на коцкарници во Тајланд

Од:

По повеќенеделно молчење, привремениот тајландски премиер и водач на воената хунта, генералот Прајут Кан-ока, со категорично „не“ стави крај на дискусиите околу потребата да се легализира коцкањето во државата. Зад идејата за легализирање на коцкарниците стоеше актуелниот шеф на тајландската полиција, генералот Пунпанмонг, а отворена поддршка, дури и референдум за тоа покажаав и десетмина членови на Националниот Совет за враќање на редот и мирот во Тајланд.

Сакајќи да ги демантира гласините според кои тој ја поддржува идејата за легализирање на коцкањето, бидејки промоторите тврде дека „имаат поддршка од влијателен генерал“, сегашниот преоден премиер, кој е сега генерал во пензија, на новинарите им рече дека тој не знае за некој генерал што ја поддржува идејата.

Жителите на Тајланд се големи љубители на коцкањето и обложувањето, но и поранешните власти одбиваа да го легализираат овој порок. Генералот Прајут рече дека ни владата, ниту некој од неговите соработници и потчинети од денеска на таму не смеат да дискутираат на тема легализација на коцкањето.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач