На зградата на Американската амбасада во Скопје, покрај американското, истакнато е и знамето на виножитото. На твитер профилот пишува дека и Амбасадата се придружува на одбележувањето на Неделата на гордоста во Македонија
„Го развеавме знамето на виножитото за да ја одбележиме Неделата на гордоста во Македонија“, пишува на твитер профилот на Амбасадата на САД во Скопје.
We are flying the rainbow flag to commemorate Skopje Pride Week. #Pride2015 https://t.co/RafJHXjclK
— US Embassy Macedonia (@usembassymkd) June 25, 2015
Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија трета годнина по ред ја организира Неделата на гордоста.
Почнувајќи од 22 јуни до 27. јуни, Неделата на гордоста вклучува серија на настани, дебати, пртестни обраќања, предавања и проекции на филмови на повеќе локации.
Целта на Неделата на гордоста е да го покрене вниманието на општата јавност кон континуираното прекршување на човековите права на ЛГБТИ заедницата, дискриминацијата, молкот од институциите и потребата од солидарност и поддршка.