Јанкуловски и Мицов ја минаа првата пречка на фјучрсот во Бугарија

Од:

Македонските тенисери Стефан Мицов и Бојан Јанкуловски успешно ги завршија мечевите од првото коло на фјучрсот во Благоевград, Бугарија.

16-годишниот Јанкуловски со пласманот во второто коло ќе го запише и првиот АТП поен. Тој денеска во мечот од 1.коло го победи домашниот тенисер Васил Шандаров со 2-0 во сетови, притоа ривалот освои само четири гема (6:1 и 6:3). Јанкуловски имаше пет брејка од седум можности, а ривалот 1 од 8.

Мицов во првото коло беше подобар од Дмитри Сурченко од Русија со 6:4 и 6:1 во сетови.

Во следната рунда Мицов ќе игра против првиот носител на турнирот Александар Лазов, додека Јанкуловски за ривал ќе го има победникот од мечот Цветан Михов (Бугарија) – Јан Блеча (Чешка).

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров