Во Чешка до 2060 година зголемување на температурата за 2,5 степени

Од:

Просечната температура во Чешка до 2040 година ќе се зголеми за еден степен, а до 2060 година за 2,5 степени, се вели во студијата на научниците од катедрата за атмосферска физика на Факултетот за математика и физика на Карловиот универзитет.

Резултатите од истражувањето, пренесува дописникот на МИА од Прага, покажуваат дека земјата во иднина ќе ја загрозуваат суши и топлотни бранови, особено во областа на Јужна Моравија.

– Од потоплите временски услови, можеби среќни ќе бидат децата за летниот одмор, но за економијата на земјата тие ќе имаат сериозни последици. Топлотните бранови имаат влијание врз продуктивноста на работната сила, а сушата влијае на земјоделското производство.

Топлината може да има значително влијание и врз здравјето на луѓето, објаснува Франтишек Марчик од аналитичкиот центар Глополис.

Во анализата се вели дека во наредните години ќе порасне бројот на топлотни бранови, односно ќе се случуваат серии по шест и повеќе денови со натпросечни температури.

Според очекувањата на научниците во регионот на јужна Моравија во периодот од 2040-2060 година една третина од годината ќе биде без врнежи. А значително ќе се намалат и врнежите од снег.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница