Мануел Валс: Има уште многу работа пред да се постигне спогодба за грчката криза

Од:

Францускиот премиер Мануел Валс изјави денеска во Франкфурт дека има уште многу работа да се заврши за да биде постигната спогодба меѓу Атина и нејзините кредитори, со која треба да се избегне банкротот на Грција.

Валс додаде дека на средбата денеска со претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги биле разгледани условите за заживувањето на Европа и еврозоната, како и ситуацијата во Франција.

Министрите за финансии од еврозоната ќе се состанат повторно утревечер во Брисел во напорите за постигнување на детална спогодба за буџетскиот план и реформите во Грција, неопходни за отпуштање на замрзнатите од минатото лето 7,2 милијарди евра од втората програма на Европската комисија, ЕЦБ и Меѓународниот монетарен фонд.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата