Ателјето „COLE“, „Building Trust International“ и „Habitat for Humanity“ од Камбоџа заеднички дизајнираа еколошки куќи за семејствата заразени со ХИВ/СИДА.
Досега се изградени девет „Framework House“ од дрво, бамбус, природни и рециклирани материјали. Овие домови во близина на Пном Пен се отпорни на поплави. Куќите се подигнати на бетонски столбови, но жителите ако сакаат можат да го пополнат и долниот кат.
Секоја куќа е специфична и е изградена со помош на локалните жители.
Дизајнот на куќата може да се примени и на други места со слична тропска клима.