Париз официјално ја истакна својата кандидатура за организирање на Олимписките игри во 2024 година, јавува дописникот на МИА од овој град.
Париз ја има поддршката од француската држава и за разлика од своите директни конкурент Бостон, Хамбург, Рим и без сомневање Будимпешта, е многу повеќе напреднат во изборот на инфраструктурите, само два месеци пред официјалното поднесување на кандидатурите пред МОК на 15 септември 2015.
Главниот град на Франција веќе располага со добар дел од потребните инфраструктури, останува да се утврди местото на олимпиското село и изградбата на олимпискиот базен.
Кампањата на Париз ќе биде под слоганот: „Је веуџ лес Јеуџ” – Ги сакам (посакувам) Игрите“.
Ова е четврта по ред кандидатура на француската престолнина, скоро 30 години по неуспехот во 1992, 2008 и 2012 година.
Одговорот ќе биде познат дури во 2017 година.