На Германците им ја подобруваме демографската слика

Од:

Нови Лист – Истра

Откако кризата во 2008 година ги зафати медитеранските држави, во кои невработеноста се зголеми на највисоко ниво од Втората светска војна, Германија стана главна доселеничка дестинација во ЕУ, преземајќи го првото место од Британија, според ланското истражување на Дојче банка ДБ.

За десет дена Германија ќе ги укине работните дозволи за хрватските работници и ширум ќе ги отвори вратите. Кога Хрватска се приклучи на ЕУ, политичарите од сите партии истакнуваа дека ќе профитираме од слободата на движење на капитал и луѓе, што се основни вредности во ЕУ. Денес тоа не го спомнуваат, бидејќи од Хрватска во следните седум години, според проценка на Европската комисија, ќе се иселат од 166 до 217.000 работници.

Јасно е дека главнината на млади, образовани и невработени Хрвати ќе отидат во Германија и новиот иселенички бран ќе го отежни развојот на земјата. Ако трендот продолжи, предупреди демографот Анџелко Акрап, во емисијата Отворено на ХТВ, Хрватска до 2050 година ќе има само 3,5 милиони луѓе, главно стари, а ќе нема кој да работи.

Слична работа ја мачи и Германија. До 2050 година, поради падот на наталитетот, на Германија ќе и недостасуваат над 10 милиони работници, според проценка на Берелсман Институтот. Тоа значи дека од другите земји мора да увезува над половина милион работници годишно, за до 2050 година да ја одржи сегашната економска сила.

Откако кризата во 2008 година ги зафати медитеранските држави, во кои невработеноста се зголеми на највисоко ниво од Втората светска војна, Германија стана главна доселеничка дестинација во ЕУ, преземајќи го првото место од Британија, според ланското истражување на Дојче банка ДБ. Во 2013 година прими 429.000 имигранти, а лани веќе 470.000. Но, Германците се плашат дека бројот на доселениците ќе се намали кога другите земји ќе излезат од кризата. Аналитичарите на ДБ тврдат дека иселувањето од медитеранските држави има и некои позитивни, краткорочни ефекти. На Шпанија се намалени трошоците за невработените.

Ако во 2013 година не се иселија 257.000 Шпанци, добар дел од нив во Германија, невработеноста во земјата не би била 26 туку 34 отсто, тврди ДБ. Претседателот на Летонија го сфаќа овој тренд многу драматично. Предупреди дека неговата земја, ако продолжи иселувањето со ова темпо, за десет години нема да биде способна за опстанок како самостојна држава. Од Летонија во почетокот на кризата се иселија речиси 10 отсто луѓе, а бројот на жителите од 1990 година паднал од 2,7 на 2 милиона. Губат младо население во период на плодност.

Министерот Мирандо Мрсиќ рече на ХТВ дека Хрватска треба да создаде услови за враќање на луѓето, а Жељко Реинер од ХДЗ ги посочи властите дека не направиле популациска политика. Меѓутоа, работата е сериозна. Не е доволно да се направи малку повеќе за невработените, што нашите политичари веќе со години го ветуваат, а не е доволна ни вообичаената популациска политика. Кој сака да го задржи населението, мора да ги вработува луѓето и развојот да го постави за свој политички приоритет.

Треба отворено да се каже дека на коалициската влада, ниту пак на ХДЗ, вработувањето не им е приоритет. Тие не кријат дека најважна цел е фискалната консолидација и намалување на трошоците за капиталот. Ако тоа го направат, велат, тогаш стопанскиот раст и вработувањето ќе дојдат сами по себе. Со други зборови, СДП и ХДЗ поддржуваат политика на стегање на коланот која ја налага Европската комисија, под притисок на Берлин. Таа политика на штедење, пред кризата, се покажа успешна во Германија, но неуспешна во другите земји, бидејќи доведе до масовна невработеност и иселување на младите. Тие пред се одат во Германија и ја поправаат нејзината демографска слика. Нашите пријатели Германци можеби знаат каква политика на нив им одговара, но тоа не треба да ги спречи нашите политичари хрватските проблеми да ги решаваат во согласност со хрватските потреби и по сопствен рецепт.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска