Јагне со гени од медуза заврши на трпезите во Франција

Од:

Генетски измнето јагне со протеин од медуза се најде во кланица, заедно со другите јагниња наменети за исхрана, јавува парискиот весник „Ле Паризиен“.

Како што пренесе дописникот на МИА, јагнето било резултат на научните испитувања на ИНРА (Институтот за за аграрни испитувања), кое во ноември 2014 година, и покрај тоа што не било предвидено завршило во кланица, а потоа и на трпезата на потрошувач или потрошувачи во парискиот регион.

Додека на Твитер и на социјалните мрежи, хумористичните коментари се бројни, дирекцијата на ИНРА отвори внатрешна истрага и поднесе судска пријава за „ставање на пазарот на производ кој содржи генетски изменети организам или е генетски изменет организам“.

Причината зошто јагнето се нашло во кланица, според првите сомнежи се движи кон двајца вработени во ИНРА, кои немале добри односи и првиот сакајќи да го намести својот шеф, му дал да потпише налог за испраќање на јагнето на кланица. Откако по неколку дена го откри исчезнувањето на јагнето Руби, шефот на екипата тоа не го пријавил.

Зошто се мешаат протеини од медуза со тие на јагнето. Весникот „Паризиен“ објаснува дека на овцата Емеруд, мајка на Руби, научниците и ставиле протеин од медуза наречен ГФП, за Зелен Флоуросцентен проетин, Руби го наследи при своето јагнење во пролетта 2014 година.

Овај протеин дозволува да се појави флуоросцентна боја на организмот кој го носи, и исто така ја измени кожата и да ја направи проѕирна. Таа се користи за да се гледаат и проучуваат пресадувањето на срце.

Емеруд и Руби беа дел од програмата за научно испитување наречена „Зелена овца“ започната во 2009 година со цел да се вршат тераписки испитувања за човекот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм