СТОП за извршителите и ограбувањето на народот

Од:

Се повеќе се бара преземање мерки против големите овластувања на извршителите и огромните давачки кои се наметнуваат.

На социјалните мрежи почна организирање на акција за стопирање на самоволието на извршителите.

-Време е да кажеме ДОСТА на ограбувањето на народот од страна на извршителите, нотарите и сите пропратни субјекти во неправедниот систем со кој за минорни долгови се наплатуваат огромни суми и тоа од најсиромашните.
Приклучете се на оваа страница, најпрво да собереме критична маса, а потоа да преземеме иницијатива и ги искористиме сите законски алатки кои ни стојат на располагање се со цел да иницираме промена на законот за извршување, пишува на страната СТОП за извршителите.

Оваа тема е актуелна и во опозицискиот блок, а лидерот на СДСМ, Зоран Заев досега во неколку наврати укажа дека ваквата практика ќе мора да се спречи.

На дебатата која се организираше во кампот на слободата пред Владата, Заев одговараше и на прашање за извршителите и извршните решенија со кои се погодени илјадници граѓани кои нема каде да се пожалат и на кои им се зема се.

Заев одговори дека голем дел од овие одлуки се спротивни на законите и на Уставот, и дека се пречекорува границата од една третина од плата, и дека се зема се, па дури и плус од членови на семејството.

– Ова не е според закон, ова не го предвидува Уставот, преминати се ингеренциите. Извршителите не смеат да ја вршат улогата на конечно осиромашување на најсиромашните. Мораме да изградиме праведно општество со социјална правда, каде што ќе се знае до каде може да се оди со извршителите и извршните решенија, рече Заев.

Би можело да ве интересира

ОЈО Кичево ќе вложи жалба за определената мерка претпазливост за извршителката за Кичево што нападна новинар и полицаец

Комората на извршители го осудува попречувањето на извршувањето спроведено од извршителката Јакимовска од Гостивар

Граѓаните бараат извршителите да ги почитуваат законските измени со кои долговите застаруваат

Глигорова: Извршителите веќе втор месец не постапуваат по новите измени во Законот за облигациони односи

Адвокати, нотари извршители за пет години наплатиле осум милиони евра од ЈП Водовод Скопје, утврди ревизијата

A1on

Нема спас од извршителите: Освен од банка, сега ќе може да им ги земат парите на граѓаните и од штедилница

A1on