Астрономите од Европската јужна опсерваторија во Чиле открија оддалечена галаксија без која не би постоеле.
Галаксијата позната како Cosmos Redshift 7 (CR7), чие име инспирирано е од фудбалерот Кристијан Роналдо, три пати е посветла од која било друга галаксија и родена е пред околу 12,9 милијарди години, кога вселената била многу млада.
Експертите долго време верувале дека во тоа време ѕвездите формирале само водород, хелиум и мали траги литиум, а дека металите настанале подоцна и формирале млади ѕвезди, како Сонцето.
Според теоријата, најстарите ѕвезди биле стотина илјади пати поголеми од Сонцето, а како што „умирале“ ги распрскувале своите остатоци по вселената што довело до настанување на првите тешки елементи како кислород, јаглерод и железо. Сепак, немало докази дека такви ѕвезди постоеле, се до сега.
Инструментите откриле светлосин облак во CR7 кој веројатно содржи само водород и хелиум, а најстарите ѕвезди во галаксијата воопшто не содржат метали. Со други зборови, „тоа се ѕвезди кои ги формирале првите тешки атоми кои на крајот овозможиле да се формираме, велат астрономите во соопштението, јави Б92.
Исто така, студијата покажа дека старите ѕвезди можат да се најдат и во посветлите галаксии, а не само на мрачните кои многу тешко е да се најдат, па научниците се надеваат дека во иднина полесно ќе се пронаоѓаат таквите ѕвезди.