Овие уникатни столици ги креираше Клер-Ен О’Браен, дизајнерка од Лондон.
Дизајнерката преку својата работа се поигрува со техника и големина, создавајќи интересни и нежни материјали за ентериери. Овој скулптурен приод за текстил ги оживува материјалите во три димензии низ нивната форма.
Инспирација за нејзините креативно осмислени и исплетени столици ги пронајде во предмети кои сами се исплетени. Структурите изгледаат смело и одважно.
Овчата и јагнешната волна се плетени рачно и машински, создавајќи ги овие интересни, шарени облици.