Јапонскиот електронски гигант „Сони“ денеска објави дека до крајот на месецот во продажба ќе пушти нова, полесна, верзија на својата конзола за видео игри ПлејСтејшн 4.
Функционалноста ќе биде иста како и кај основниот модел, но неговата тежина ќе биде намалена за 10 проценти, а ќе се намали и потрошувачката на елекртична енергија за осум проценти, се наведува во соопштението.
Продажбата на новиот модел најпрво ќе почне во Јапонија, а потоа полека ќе биде проширена на останатите пазари во светот.
Цената на новата конзола на европскиот пазар ќе чини 399 евра, а на американскиот 399 долари. Првиот ПС4 е претставен во ноември 2013 година и веќе е продаден во над 20 милиони примероци низ целиот свет.