Меркел и Лагард гледаат напредок во преговорите со Грција, но потребно е уште да се работи

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел синоќа рече дека сите лидери на Европската унија силно аргументирале во корист на обврските кои се потребни за постигнување на договор меѓу Грција и нејзините доверители, јави дописникот на МИА од Атина.

На прес-конференцијата по самитот на лидерите од еврозоната во Брисел, Меркел истакна дека се уште треба многу напорно да се работи во преговорите и оти Грција мора да остане во еврозоната.

Таа рече дека времето за договор истекува, додавајќи дека преговорите со грчката Влада се однесуваат на одржливоста на грчкиот долг. Канцеларката, сепак, истакна дека Грција уште многу години нема да мора да почне да враќа голем дел од својот долг.

На посебна прес-конференција, шефот на ММФ Кристин Лагард изјави дека во следните 48 часа во Грција се уште треба да се заврши многу работа. Таа рече дека новите предлози на Грција се подетални, но не се целосно во согласност со она што беше дискутирано.

Истиот став го кажа и претседателот на Еврогрупата, Јерун Дијселблум, според кого потребна е „напорна работа“.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Димитриеска-Кочоска на средби во ММФ – Го стабилизираме управувањето со јавните финансии, фокусот е на дисциплинирано буџетско трошење, ефикасно прибирање на приходите и економски раст

ММФ: На глобалната економија и се закануваат високи долгови и низок проектиран раст