А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Советот на ЕУ ќе расправа за Македонија

by А1он22/06/2015 - 10:35195
Share0

Политичката ситуација во Македонија ќе биде главна тема на дискусија на денешниот Совет за надворешни работи (ФАК) на Европската унија што ќе се одржи во Луксембург.

Добивај вести на вибер

Според програмата што ја објави летонското претседателство со Советот на ЕУ, министрите за надворешни работи на земјите-членки на Унијата, како централна точка на состанок ја имаат политичката ситуација во Република Македонија, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Според агендата, шефовите на дипломатиите на ЕУ-земјите, за Македонија ќе разговараат со Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, а по пладневниот состанок со генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-Мун. Заклучоците што ќе ги донесе Советот на ЕУ, овој четврток и петок ќе бидат усвоени од страна на шефовите на државите и Владите на ЕУ-земјите на Самитот на Европскиот совет/

„Во април годинава, Советот изрази „сериозна загриженост во врска со влошувањето на ситуацијата во земјата, особено во областа на владеењето на правото, основните права и слободата на медиумите”. Тој ги повика сите страни да преземат одговорност и да преземат итни мерки насочени кон обезбедување на одржливо решение и конструктивно да се вклучат да го рестартираат политичкиот дијалог и да ја вратат довербата во институциите“, се наведува во најавата за дебатата за Македонија што денеска ќе ја имаат министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија.

Во најавата се посочува и дека Јоханес Хан, комесар за европска соседска политика и преговори за проширување, го посетил Скопје на 2 јуни и се состанал со водачите на главните политички партии во насока на изнаоѓање решение за тековната политичка криза во земјата.

„Договор беше постигнат за голем број прашања, вклучително и на посветеноста кон реформите. Разговорите продолжија во Брисел на 10-ти јуни, но се уште не е постигнат конечен договор. ЕУ продолжува да ги повикува сите страни, во интерес на својата земја и нејзините граѓани, да се најде траен политички компромис без одложување и да се излезе со конкретни предлози за оваа цел, врз основа на договорот од 2-ри јуни. Комисијата останува подготвена да ги олесни дискусиите“, се вели од Советот на ЕУ.

Денешните заклучоци на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на Унијата, ќе ги носат најмногу врз основа на приоритетите за итни реформи што во петокот ги испорача Европската комисија, а во однос на релевантни прашања од владеењето на правото, потенцирајќи многу приоритети што според ЕК „Република Македонија треба да ги исполни во областа на владеењето на правото и основните права, деполитизација на јавната администрација, слободата на медиумите и изборните реформи”.

Зависно од исходот на последните преговори на политичките лидери во Македонија за надминување на политичката криза, како и на заклучоците што ќе ги усвои денеска Советот на Унијата, а кои во четврток и петок ќе ги потврдат шефовите на државите и владите на ЕУ-земјите на Самит на Европскиот совет во Брисел, Македонија, по шест последователни години, во октомври, во најновиот извештај на Европската комисија, можно е да ја загуби препораката за отворање на преговорите за членство во ЕУ.

eseu

Би можело да ве интересира

Би-Би-Си: Во Европа нема повеќе место за бегалци од Украина

Горан Наумовски08/08/2025 - 14:13

Орбан: Потребен е итен самит Русија-Европа за да се стави крај на војната во Украина

Горан Наумовски08/08/2025 - 13:25

Орбан: Брисел ја користи војната за централизирање на власта и изградба на „европска империја“

Горан Наумовски07/08/2025 - 20:39

Во ЕУ нови правила за Chat GPT, Grok, Gemini

Предраг Петровиќ02/08/2025 - 09:2902/08/2025 - 09:29

Трамп: Најголем договор досега

Горан Наумовски27/07/2025 - 21:03

САД и ЕУ постигнаа трговски договор

Горан Наумовски27/07/2025 - 19:5227/07/2025 - 20:06
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен