Ѓорческа со најдобар пласман во кариерата и во сингл и во двојки

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа на последната промена на ВТА листата објавена денеска ги има најдобрите пласмани во својата кариера во двете конкуренции.

Со 18-те поени освоени на фјучрсот во Галаци таа има вкупно 96 и во поединечна конкуренција се наоѓа на 367. место.

Во конкуренција на двојки Ѓорческа по триумфот исто така на фјучрсот во Галаци се проби на 278. место со вкупно 203 поени, што е нејзин најдобар пласман.

Нашата тенисерка и следниот понеделник ќе има напредок на листата откако ќе и бидат запишани победите во двете конкуренции на фјучрсот во Тарсус што заврши вчера.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров