ВМРО-ДПМНЕ: Партиската зграда е изградена во транспарентен процес, СДСМ да го објасни потеклото на неговиот имот

Од:

Целиот процес на градба на новото партиско седиште на ВМРО-ДПМНЕ кое беше промовирано во саботата, е транспарентен и во согласност со законските нормативи, одговорија од владејачката партија на претходно искажаните обвиненија од портпаролот на опозицскиот СДСМ, Петре Шилегов, кого го повикаа да го објасни потеклото на имотот со кој располага неговата партија, како и неговиот приватен.

„Процесот за градба е објавен во четири дневни весници што е показател дека градежните активности не се тајна. Понудувачите понудија процент од бруто развиената површина кој ќе му го отстапат на сопственикот на градежното земјиште, во случајов ВМРО-ДПМНЕ, што воедно беше еден од основните критериуми за избор на најповолен понудувач, а кој процент не смее да биде под 30 отсто од бруто развиената површина. Што значи приватен инвеститор го гради земјиштето во сопственост на ВМРО-ДПМНЕ за свои комерцијални цели, а за возврат треба да отстапи најмалку 30 отсто од корисната изградена површина на ВМРО-ДПМНЕ. Во овој случај ВМРО-ДПМНЕ нема никакви трошоци за изградба на објектот“, се појаснува во писмената реакција на владејачката партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, возвратија дека Социјалдемократскиот сојуз е партијата која како наследник на Сојузот на комунисти (СКМ) го доби целокупен имот на поранешната партија, кој е граден од заеднички пари на сите граѓани во поранешната држава и се проценува на повеќе милиони евра. „Имот правен и граден од сите граѓани, денес припаѓа само на СДСМ. Си го присвоиле и до ден денес го узурпираат“, се заклучува во реакцијата.

Од владејачката партија, како и претходно Шилегов, изнесоа детали за пријавениот имот на СДСМ, кој според нив располага со 1.669 квадратни метри во центарот на Скопје, има близу 2.700 квадрати парцела, исто така, во центарот на главниот град, потоа деловни простории од по 500, 400 квадратни метри во Битола, Ресен, Кавадарци и многу други градови, односно во сите поголеми места во државата.

„Но кога се работи за општествен имот кој си го приграбиле за себе, тогаш СДСМ никаде ги нема. Ако се чесни, нека го вратат тој имот на оние кои го граделе, на сите граѓани“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Велат дека станува збор за уште еден обид на опозицијата „стопати повторена лага да ја претвори во вистина“. Но, според нив, вистината е дека ВМРО-ДПМНE за сиот имот што го поседува има уредна документација и целокупниот имот е стекнат на легален начин“, оценувајќи дека изјавите на Шилегов се израз на „нервозен обид за манипулација со јавноста“.

Од владејачката партија бараат и СДСМ и самиот Петре Шилегов да дадат објаснување како го стекнале истиот.

„Што се однесува до Петре Шилегов, тој самиот треба да ѝ одговори на јавноста, за тоа како е возможно да зема кирија за имот на неговата сопруга кој не е пријавен, како е возможно да наплаќа кирија во сопствениот стан за сопствената фирма, како стекнал накит и злато во вредност од 130 илјади евра, и уметнички слики во вредност од над 50 илјади евра со своите ниски примања, и на крајот како успеал да стекне вкупен имот од повеќе од половина милион евра“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Митева: СДС и ДУИ го донеле буџетот во опасност од Арбитражни побарувања од 1.3 милијарди евра

Со добра координација ќе се надмине овој „ситен проблем“ порача Таравари по превирањата за Законот за бранителите

Митева: Владата на СДС и ДУИ поделила 100 милиони евра без јасни критерими констатира ДЗР, тоа се пари безмалку доволни за изградба на Клиничкиот во Скопје

Петрушевски: Додека владата должела 50 милиони за субвенции на земјоделците, Николовски плаќал хотелски соби од неколку стотина евра

Катерина Ѓуровски

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа членовите на Советот на јавни обвинители да поднесат оставки