Во земјите од балканскиот регион поради застареност и неисполнување на стандарди на Европската унија би требало да се реновираат или затворат 13 термоелектрани, покажува истражувањето на Фондацијата „Мрежа за промени на Југоисточна Европа“.
Како што пренесува „Ал Џезира Балкан“ во Македонија врз основа на тоа би требало да бидат реновирани или затворени две термоелектрани.
Во Македонија во периодот меѓу 2025 и 2030 година термоелектраните Осломеј и РЕК Битола треба да бидат реновирани или затворени.
Во Србија на листата се четири термоелектрани „Морава“, „Костолац“, „Никола Тесла“ и „Колубара“, кои треба во периодот меѓу 2025 и 2030 да бидат реновирани или затворени. Три блока од термоелектраната „Косово“ треба да бидат затворени до 2020 година, а останатите два до 2025 година.
Во Босна и Херцегоивина во периодот меѓу 2020 и 2025 година треба да бидат затворени или реновирани четири блока на ТЕ „Тузла“, а до 2030 година ТЕ „Гацко“, „Угљевик“ и „Какањ“.
Хрватска до 2020 година треба да го реши прашањето со ТЕ „Пломин“, додека Црна Гора со ТЕ „Пљевља“.
Енергијата е тема со која секоја земја на евроинтеграцискиот процес треба да се соочи и земјите од регионот би требало до 2050 година да ја намалат емисијата на штетни гасови за 80 проценти.