Едно лице почина во сообраќајка во Скопје

Од:

Едно лице починало на пат кон Ургентниот центар, откако се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа.

– Несреќата се случила вчера во 11 часот и 30 минути на улицата „Јустинијан Први“, информира денеска МВР.

Во несреќата учествувале патничките моторни возила „Рено Лагуна“ со скопски регистерски ознаки, управувано од А.Д.(48), „Форд Мондео“ со скопски регистерски ознаки, управувано од М.С.(50) и моторцикл „Мондиал“, управувано од жртвата Петар Ј.(17).

Со телесни повреди се здобиле две сопатнички од моторциклот, на возраст од 16 и 17 години. Тие се пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и Ургентниот центар за укажување на лекарска помош.

Од страна на СВР-Скопје излезено е на местото на настанот, извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб во неготинско Тимјаник

Тешка сообраќајна несреќа кај Камењане, осум лица повредени

Тројца повредени во сообраќајка на патот село Караорман – Штип

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на регионалниот пат село Караорман – Штип

Петмина повредени во сообраќајка на автопатот Скопје – Велес

Струмичанец e тешко повреден во несреќа кај кавадаречкото село Марена

Горан Наумовски