Македонската тенисерка Лина Ѓорческа по шести пат годинава победува на фјучрс турнир во игра на двојки.
Таа попланево во турскиот град Тарсус заедно со домашната тенисерка Мелис Сезер од Турција ги совладаа во финалето Германките Нидмерс – Весел со 6:3 и 6:1 во сетови.
Ѓорческа во 2015 година победи на турнирите во двојки во Шарем ЕлШеик (двапати), Бол (двапати) и Галаци.
Македонската тенисерка утре на истиот турнир, но во поединечна конкуренција, ќе игра против Ленка Виенерова од Словачка.