Хрватскиот тенисер Иво Карловиќ е нов рекордер по бројот на ас сервиси во еден меч. Во четвртфиналето на турнирот во германскиот град Хале тој денеска го победи Томаш Бердих и отсервира 45 аса.
Со тоа го собори рекордот од 44 аса кој досега го држеше Марк Филипусис од Австралија.
– Знаев дека имав многу асови, но не ја знаев точната бројка и не поверував кога по мечот ми ја кажаа. Бев изненаден, изјави Карловиќ.