Ѓорческа се пласира во полуфиналето на фјучрсот во Турција

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во полуфиналето на фјучрсот во турскиот град Тарсус.

Таа денеска во мечот од четвртфиналето ја победи Британката Мирабел Нјозе со 2:0 во сетови и утре во борбата за финалето ќе игра против Германката Нора Нидмерс, која со 2:1 во сетови ја совлада Јулија Стаматова од Бугарија.

Во мечот од четвртфиналето Ѓорческа имаше шест брејка и сетовите ги доби со 6:1 и 6:4 во гемови. Нашата тенисерка освои 57 поени наспроти 36 на противничката.

Ѓорческа утре покрај полуфиналето во поединечна конкуренција ќе го игра и финалето во двојки заедно со Турчинката Мелис Сезер ќе играат против Германките Нора Нидмерс и Алина Весел.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров