Хрватскиот тенисер Иво Карловиќ уште еднаш покажа дека е најдобар сервер на светот, остварувајќи во петокот нов рекорд по бројот на ас удари отсервирани во меч од три сета.
Карловиќ во победата над Томаш Бердих во четвртфиналето во Хале отсервира дури 45 асови, што досега никому не му пошло од рака.
Подврдувајќи уште еднаш дека тревата му е омилена подлога, Карловиќ го совлада шестиот играч на светот со 7:5, 6:7 (8-10), 6:3.