Македонската кошаркарска федерација го објави поширокиот список играчи кои се во комбинација за настап на Евробаскетот 2015.
Во ФИБА е испатен сиписокот на играчи во избор на селекторот Александар Џикиќ, а на него се наоѓаат 24 кошаркари: Владо Илиевски, Андреј Магдевски, Лестер Бо Мекејлеб, Александар Костоски, Димитар Караџовски, Димитар Мираковски, Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Марко Симоновски, Дарко Соколов, Ивица Димчевски, Владимир Брчков, Бојан Трајковски, Стојан Ѓуроски, Ѓорѓи Чековски, Кирил Николовски, Перо Антиќ, Бојан Крстевски, Предраг Самарџиски, Ричард Хендрикс, Марјан Јанески, Љубомир Младеновски, Ненад Димитријевиќ и Андреј Маслинко.
Стартот на подготовките е на 25 јули во Скопје. Нашата репрезентација ќе одигра неколку натпревари во Охрид и во Гевгелија (на домашен терен), а ќе биде учесник и на подготвителни турнири во Литванија и во Шпанија.
Македонија на Евробаскет 2015 година ќе игра во групата Ц во Загреб, а ривали во првата фаза се селекциите на: Холандија, Грција, Хрватска (ко-домаќин на Евробаскетот), Словенија и Грузија. Прв ривал на Македонија на 5 септември е селекцијата на Грција.