Кубанскиот државен телекомуникациски оператор Етекса објави дека од јули ќе отвори 35 зони за платен бежичен интернет достапен за граѓаните. Такво нешто ќе се случи за првпат во таа држава каде пристапот до интернет е целосно контролиран.
Пет од тие зони ќе бидат во Хавана, а останатите во други големи градови. Засега не е јасно какви тарифи ќе се определат за бежичен интернет.
Компанијата Етекса ќе ги намали тарифите на интернетот на 2 долара за еден час од претходните 4,5 долари. Месечната плата во просек во Куба е нешто под 20 долари. Претходно единствените места со интернет беа хотелите каде цените се во просек – 10 долари за еден час.