Универзитетот „Св.Климент Охридски“ објави конкурс за најдобар истражувачки труд

Од:

Универзитетот „Св.Климент Охридски“ денеска го објави традиционалниот конкурс за најдобар истражувачки труд и есеј, на кој може да учествуваат студенти од прв циклус студии на овој универзитет.

Од Секторот за односи со јавност на битолскиот универзитет соопштуваат дека истражувачкиот труд е по слободен избор на студентот, но услов е трудот да не бил објавуван. Истата процедура се однесува и за натпреварот за избор на најдобар есеј, а конкурсот завршува на 31-ви октомври.

– Истражувачките трудови и есеи ќе ги оценуваат посебни комисии кои определуваат поблиски критериуми за вреднување на пристигнатите истражувачки трудови и есеи. Како и секоја година, најдобрите трудови ќе бидат парично наградени со 20.000 денари за прва, 15.000 денари за втора и 10.000 денари за трета награда и во двете конкуренции, рече Елизабета Атанасоска, советник за односи со јавност во Ректоратот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола.

Традиционално, наградените студенти ќе бидат промовирани на 8-ми декември, Денот на патрониот празник на Универзитетот. Оваа година доделувањето ќе го изврши новоизбраниот ректор, професор д-р Сашо Коруновски.

Би можело да ве интересира

Почнува аплицирањето за студентски стипендии

(ВИДЕО) Се урна балкон од универзитетска зграда врз студенти, најмалку 10 лица се повредени

Горан Наумовски

Кордон помеѓу студентите и местото каде се одржува воената парада во Белград

На Скопскиот универзитет започнаа уписите за слободни над 9.700 места за бруцоши

(ВИДЕО) Полицијата и демонстрантите се судрија пред судот во Нови Пазар

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти