Вучиќ изненаден од најавата дека Унгарија ќе подигне ѕид на границата

Од:

Српскиот премиер Александар Вучиќ синоќа изјави дека е изненаден и шокиран од најавата дека Унгарија ќе изгради ѕид долж српско-унгарската граница поради проблемите со мигрантите, нагласувајќи дека тоа нема да биде решение, бидејќи Србија не е виновна за тој проблем.

Вучиќ истакна дека ќе разговара со унгарскиот премиер Виктор Орбан и европските претставници и очекува да добие логични одговори, додавајќи дека тоа пред се е прашање на ЕУ, бидејќи Србија е транзитна земја.

– Никој не може да и каже ништо на Србија. Таа не е виновна ниту за кризата во Сирија, ниту за судирите со Исламската држава, ниту за Курдите… Србија е само транзитна земја. Мигрантите не влегле низ Србија, туку од територија на ЕУ, низ Бугарија и Грција, истакна Вучиќ.

Унгарија вчера најави дека долж границата со Србија ќе изгради метална ограда висока четири метри и долга 175 километри, која би требало да ја „заштити“ унгарската територија од напливот на имигранти и бегалци.

– Имигрантите се еден од најголемите сегашни проблеми на ЕУ, изјави по најавата унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Унгарските власти тврдат дека бројот на имигрантите оваа година е значително зголемен.

Само во првите четири месеци во земјата влегле 54.000 имигранти, додека во целата 2014 година нивниот број изнесувал 43.000. Во текот на триесет денови во јануари годинава во Унгарија влегле десет илјади имигранти.

Шефот на унгарската дипломатијата уверува дека изградбата на оградата по границата со Србија нема да значи прекршување на меѓународните спогодби што ги има потпишано владата во Будимпешта.

Властите веќе имаат покренато силна антиимигрантска кампања и поставуваат билборди со пораки до имигрантите, на кои пишува: „Ако дојдете во Унгарија, не им ја земајте работата на Унгарците“.

Ваквите пораки предизвиаа остра реакција на ОН, од каде се најавуваат билборди со „контра-пораки“ на кои ќе се посочува на успешното вклопување на од порано дојдените имигранти во унгарското општество.

Реакцијата на меѓународната јавност доаѓа по кампањата во унгарската јавност во која имигрантите се обвинуваат дека им ја „загрозуваат егзистенцијата“ на Унгарците и дека „шират тероризам“.

Би можело да ве интересира

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“