Најмалку 31 лице загина денеска во воздушни напади на предводената во Саудиска Арабија коалиција врз конвој со цивили, бегалци од борбите во Јужен Јемен, јавија јеменските здравствени власти.
Според анинимни официјални претставници на јеменските здравствени власти нападот е извршен денеска наутро во северните предградија на јужниот пристанишен град Аден, кој со месеци е арена на жестоки борби меѓу шиитски бунтовници хуси и нивните противници.
Жртвите во нападот се семејства, кои носеле храна и лични работи и бегале кон север во конвој од автомобили. Во конвојот возила имало и еден автобус со 16 патници.