Франција ќе отвори нови 9.500 места за сместување на мигрантите

Од:

Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казенев на денешниот министерски состанок во Елисејската палата најави отворање на дополнителни 9.500 места за сместување на мигрантите, јави дописникот на МИА од Париз.

Казенев нагласи дека се разботи „нова глобална стратегија“, посакуваќи притоа за двојно да се зголеми доброволното враќање во матичните земји на економските мигранти, со што би се оптимизирале капацитетите за сместување на центрите за административно задржување.

Ови центри се наменети за барателите на азил, чии барање не беа прифатени.

Со масовниот прилив на мигранти, кои преку Франција сакаат да заминат во Велика Британија, Париз започна политика на разместување на мигрантите на целата територија на земјата за да се олесни притисокот врз одделни департмани, каде бројот на мигрантите и барателите на азил е голем.

Но, овие разместувања не се секогаш по волја на локалното население, посебно во малите населени места кои за разлика од големите француски градови немаат навика да живеат и да се среќаваат со странци.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата