ВИДЕО: Салон за дрвенарија сместен во куќата на Кале од новата бомба на Заев

Од:

Како што рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на вчерашната прес конференција каде ја презентираше новата бомба поврзана со функционери на ДУИ, дивоградбата што требало да биде срушена на пешачкиот остров спроти американска амбасада не само што е на своето место, туку е целосно изградена. Од сите страни на објектот се наоѓаат улици, а куќата излегува директно на булеварот „Никола Карев“.

По се изгледа никој не е вселен на првиот кат, додека во приземјето е сместен салон за паркет. Граѓаните кои живеат во близина не знаат во чија сопственост е објектот, но велат дека е постојано обезбедуван.

Кога екипата на „А1он“ пристигна на терен за да направи снимки од куќата, беше забележана од повозрасен човек кој го извади телефонот за да ги сними и фотографира новинарите. Откако новинарите беа снимени, човекот му се јави некому за да го извести за нивното присуство. Додека зборуваше на телефон, покажуваше кон екипата. Потоа ја премина улицата и се упати кон амбасадата каде разговараше со едно лице од обезбедувањето повторно покажувајќи кон новинарите. Враќајќи се назад ја одмина екипата и се изгуби зад куќата зборувајќи на телефон.

kat-slika

Како што може да се види од гис-порталот на Агенцијата за катастар на недвижности, на оваа локација се уште се наоѓа зеленилото кое треба да стои на пешачки остров. Во планот не е зацртана никаква парцела во приватна сопственост.
Според аудио снимките што вчера ги објави опозицијата градбата на оваа локација е незаконска поради што институциите направиле напори да биде срушена. Во тие заложби наводно според лидерот на СДСМ, бил вклучен и самиот премиер, Никола Груевски, како и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Според СДСМ институциите се предомислувале околу рушењето затоа што албански граѓани биле подготвени да протестираат. Од овие причини, како што рекоа од СДСМ, Груевски ургирал кај лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски