МТВ вечерва објави дека Љубе Бошкоски е обвинет за случајот со убиството на Марјан Тушевски пред 11 години, а како директни извршители се посочени двајца државјани на Србија.
Адвокатот на Љубе Бошкоски изјави за А1 дека и вчера и денеска барал информација дали е покренато обвинение против Љубе Бошкоски ама не можел да добие одговор.
„Навистина не знам врз основа на што би било поднесено тоа обвинение, зашто нема нити еден доказ. Немам информации, немам примено ништо, а во судот немаа никаква информација да ми дадат“, изјави Владимир Ракочевиќ.
Љубе Бошкоски уште за време на изборите кажа дека му местат убиство за да го осудат со голема казна затвор како казна зашто се спротивставил на власта и да биде тргнат од политичката сцена.
И во овој случај против Бошкоски има заштитен сведок, а според адвокатот на Бошкоски во целиот случај не е презентиран никаков материјален доказ, туку се било „рекла-казала”.