Во Штип труење со храна поради топлото време

Од:

Мајка и две деца од Штип се затруле од храна во која имало јајца. Според Центарот за јавно здравје, нивната здравствена сотојба е добра и тие се пуштени на домашно лекување.

Директорот Велик Грков апелира во текот на летниот период граѓаните да внимаваат што консумираат, а храната добро да ја обработат и да ја чуваат во фрижидер.

– Овошјето и зеленчукот добро да се мијат со протечна вода, храната да се подготвува термички и да се користи веднаш, а доколку не се конзумира да се стави во фрижидер и да се покрива за да се заштити од инсекти, порача Грков.

Топлото време го зголеми и бројот на пациенти на Одделението за Неврологија во штипската Клиничка болница. Во изминатото деноноќие се примени осум пациенти од источна Македонија со преживеани мозочни удари. Лекарите апелираат да не се излегува на сонце од 10 до 17 часот и доколку има потреба да се заштитат граѓаните со капи, очила за сонце и да консумираат повеќе вода.

Би можело да ве интересира

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“

Кривична за пироман од Штип: Изгореа делови од две куќи, гаража, шума…

Четворица од обвинетите за убиството на турски државјанин во Штип остануваат во притвор, судењето закажано на 27 ноември

И го искршил черепот, ја исекол на делови и трупот го закопал во двор – детали за убиството во Штип

Убиство во Штип: 74-годишен маж со нож уби жена и телото го закопа во двор

Горан Наумовски

Во Штип гласаат 152 болни и немоќни лица