Крајнодесничарски партии во Европскиот парламент денеска објавија дека собрале доволно поддршка за да создадат политичка група под раководство на францускиот „Национален фронт“ (НФ) на Марин ле Пен.
Чекорот, преземен денеска од НФ, од холандската Партија на слободата, Австриската партија на слободата, италијанската „Северна лига“ и белгиската партија „Влаамс беланг“ (Фламански интерес) ќе им даде поголемо влијание врз законодавната власт во ЕУ.
– Среќна сум да го објавам создавањето на групата „Европа на нациите и слободите“, објави Марин ле Пен.
Повеќето партии се претставија доброна европските избори минатата година, но досега не успеаја да создадат единствена група.
За да се создаде парламентарна група во ЕП, неопходни се најмалку 25 пратеници од седум земји.