(ВИДЕО) Заев: Тетовскиот универзитет полн со кадри на ДУИ

Од:

ДУИ по ништо не се разликуваат од ВМРО-ДПМНЕ по механизмите кои ги користеле да останат на власт, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев и објави снимка помеѓу Артан Груби и Али Ахмети преку која се разбира дека Бујар Османи и неговои пријатели биле подложни на притисоци и на инспекции зашто имал амбиции за градоначалник на ДУИ во Чаир.

-Врвот на ДУИ, почитувани граѓани, функционирал многу слично со врвот на ВМРО-ДПМНЕ. Не само по аздисаноста, по ориентираноста кон пари и лични интереси, туку и по механизмите што ги користеле за да останат на власт. На пример, следниот сет разговори открива на какви закани и инспекции бил подложен портпаролот Бујар Османи, затоа што кај него виделе амбиции за кандидат за градоначалник во Чаир. Меѓу овие разговори ќе слушнете како од ДУИ, во институциите што ги раководат, разрешуваат и враќаат директори по потреба, а не по закон, ќе слушнете признание и дека Тетовскиот универзитет е полн со кадри на ДУИ, преку реакцијата на пратеникот Џевад Адеми, кој му се жали на Ахмети дека биле бркани нивни луѓе, рече Заев.

14.Разговор помеѓу Џеват Адеми и Али Ахмети

АА: Ало
ЏА: Другар како си?
АА: Добро.
ЏА: Дали си добар?
АА: Добар добар.
ЏА: Со здравје?
АА: Добар. Добар.
ЏА: Ние имаме една средба на комитетот….јас те побарав прегеска да ти се пожалам.
АА: Аха.
ЏА: Ми се јави Вулнет и деканот на филозофски факултет.
АА: Мхм
ЏА: Жал ми е што морам да ти кажам, ама Агрон дали намерно го прави ова или игра некоја игра, незнам. Што значи, основната грешка. Ангажирањето на професори не го прави продеканот за образовни прашања, туку му го препуштил на Адем Беадини, неписмениот секретар на ДУТ. Ова е принципелната страна. Практичната страна, за која ме замоли и Вулнет и Фехари да те запознаам дека, со предлог на Адем Беадини, а после ќе ти објаснам што рекол тој будала, ја избркале од работа жена му на „Балисти“, Сара. Магистер по Психологија, ќерка на др. Шани, комшии ми се на 5 метри од мене, жена му на Армир.
Вчера го избркаа Ејуп, пред некој ден еден друг. Овие сакаат да го исчистат ДУТ од ДУИ.

15.Разговор помеѓу Али Ахмети и Беќир Асани

АА: Ало.
БА: Претседателе како си?
АА: Добро. Добро. Што има?
БА: Се умори ли? Топло ли е?
АА: Малку. Малку.
БА: Да не те вознемирувам многу. Ти кажав оној ден за Фатмир каква е состојбата. Тој го разрешил, овој директорот му ја скршил канцеларијата. Го отстранил од таму целосно. Ти кажав зошто е важен да остане таму уште еден месец. Веќе два дена го барам Гајур, ми вели во Тетово е, не ми излага пред очи.
АА: Именувал некој друг таму?
БА: Именувал еден од Тетово. Не знам кого. Нека го постави после месец и пол, не е важно кого. Ама овој ни треба додека не заврши судскиот процес.
АА: Аха.
БА: Барем додека почне процесот.
АА: Ајде сега ќе му се јавам.
БА: Ако има можност.
АА: Ќе му се јавам, ќе му се јавам.
БА: Ајде.

16.Разговор помеѓу Али Ахмети и Артан Груби

АГ: Добро, вчера излегов со Бујар и со Мухамед Зекири, разговаравме..ова она…ок добро, за денес, а денес ми праќа порака, вели не треба да имаме прес конференција. Му се јавува цело време, не ми дига телефон. Реков да пратиме некој пратеник или Абдулаќим…
АА: Аха
АГ: Најавена и закажана ни е прес конференцијата.
АА: А зошто се попишманел Бујар?
АГ: Па не знам. Вчера беше доста разочаран.
АА: Зошто?
АГ: Со односите со овие од Чаир…му се закануваат, ова-она, заради неговите амбиции за локалните избори…што се немало, што се не ми кажа…на неговите пријатели им праќале инспекции, УЈП…и беше многу, многу…

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски