(ВИДЕО) Заев: Слободната еконoмска зона во Тетово дадена на близок човек на ДУИ

Од:

Тесна група од ДУИ преку ресорите што ги водат се грижат за својата лична корист. Овој пат се наѕира корупциски скандал преку слободната економска зона во Тетово, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прес конференцијата во партиското седиште.

Тој објави снимка помеѓу како што рече Али Ахмети и неговиот шеф на кабинетот Артан Груби.

– Лично од Артан Груби ќе слушнете како тогашниот министер за економија Валјон Сарачини се одлучил слободната економска зона да ја даде на фирма од Турија. На Груби му е чудно, зашто не се одлучил за норвешката фирма, зад која стоел бизнисменот Хаки, кој е е еден од финансиерите на ДУИ, рече Заев.

На норвешката фирма и фалеле документи, но на крајот на чуден начин токму фирмата од Норвешка ја добила слободната економска зона во Тетово. Како и на кој начин влијаел врз министерот Сарачини, лесно може да се претпостави, рече Заев.

8.Разговор помеѓу Али Ахмети и Артан Груби

АГ : Со овој дечково зборев малку. Со Ваљон. Тој ми ги спомнува Турците цело време
АА: Добро.
АГ: Рече дека имале целосна документација, понудата е добра, коректна, на овие другите им фалело документација. Им дале уште малку шанса да ја дополнат документацијата, да ја дополнат документацијата, па да се отворат и да се реши кој е подобар.
АА: Аха.
АГ: Јас малку го отворив муабетот, па му велам овие Норвежаните би требало да бидат подобри.
АА: Аха.
АГ: Можеби, ми вика, да видиме, рече не е важно кој, важно е да се реализира.
АА: Важно е кој ќе го реализира.
АГ: Јас намерно го чепнав малку, бидејќи Мухамед од Алсат ми вели дека ни пропаднала слободната економска зона во Тетово. Ми вика не…Турците се тука…јас му велам како бе Турците, нели Норвежаните треба да бидат. Вели дека Турците имале добра понуда, на Норвежаните им фалат документи, и потоа да ги отворат на транспарентен начин да видиме кој е најдобар.
АА: Аха.
АГ: Едно два три пати му ги спомнав, ама дали…не знам.

9.Разговор помеѓу Артан Груби и Али Ахмети

АГ : Уште нешто Претседателе, заборави прегеска. Со овој дечкото се сретнав. Овој Ваљон се сретнал до Ферик, отишол да му бара мислење како да направи со слободните економски зони. И дискутирале, овој му рекол, што имам јас со таа работа, не се разбирам во тоа…ама муабетот бил дека Норвежаните отпаднале, и дека е завршена работата со Турците.
АА: Што е завршено?
АГ: Разговорите со Турците се завршени.
АА: Според кого?
АГ: Според Мухамед…од разговорите помеѓу Ферик и Ваљон. Ваљон отишол кај Ферик и му рекол ваква ми е ситуацијта што да правам….така ми рече Мухамед. Он му рекол не можам да те советувам за таа работа, нема врска за такви работи. Тој му кажал дека Турците имаат подобра понуда, Норвежаните испаднале. Норвежаните е Хаки, овој…Значи дека ова е завршена работа, се решил за Турците, Ваљон.
АА: Не.
АГ: Јас не го продолжив разговорот…
АА: Не, не..

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски