ВИДЕО: „Ќе ни се соберат шиптариштата и ќе ни протестираат“

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес конференција објави снимки, за кои рече дека се меѓу поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска со соговорник, на кои, рече се слуша дека се договараат околу уривање на дивоградба во Чаир, која според неа е на некој командант на ДУИ.

„Од инспекторат не се подготвени за уривање на дивоградбата. Проблем ќе биде. Тие се племе. Ќе ни се соберат шиптариштата и ќе ни протестираат. Кога ќе се подготви инспекција, по Нова година да уриваме“, вели гласот од снимката, за кое СДСМ вели дека е на Гордана Јанкулоска.

6.Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и соговорник

НН: Да
ГЈ: Ало, Апостол, добровечер, да не спиеш?
НН: Не, гледам некоја емисија
ГЈ: Добро, не е многу касно. Знаеш зашо те барам?
ГЈ: Абе овие индијанциве у Чаир имале некој објект и градежен инспекторат побарал да го рушиме, односно да го рушат ние да бараме асистенција, утре.
НН: Добро
ГЈ: Ама нешо не им е доорганизирано како што треба. И сега таму знаеш како, тие се племе, ако дадеме асистенција, а не се заврши работата, проблем ќе биде. Зборев еднаш со Миле, тоа е у Чаир некоја зграда шо се гради, јас сега не ги знам, ама претпоставувам
НН: …и сега некаде кај америчката амбасада да не е некој објект?
ГЈ: Епа да не е тоа, у Чаир е тоа, така?
НН: Да, кај американската амбасада горе е на француски гробишта?
ГЈ: Да де да, тоа општина Чаир по план е така? Најверојатно е тоа, некој објект што бил спрат и ..еден спрат бил готов, едниот спрат не бил готов.
НН: Добро.
ГЈ: И сега. А овие од инспекторатот не се спремни да го срушат. Тоа е проблемот. И сега знаеш, ние ќе отидеме, ќе ни се соберат шиптари. Па зборевме со Миле, транспорт, да не го рушат утре, и они нема да се појават, ама да знаат и нашиве да не правиме трошоци. Да не го рушат утре, да се спремни од инспекторатов, после Нова Година да го рушат.
НН: Некој ми има кажано за министеров наш, иначе, он се јавува, се интересира за таа работа.
ГЈ: Он знае, пошто тие се ептен индијанци. Тој што е негова зградава, е нивни некој, од ДУИ командант и важно ради тоа овие треба да си се спремат, ко шо треба, не е работата само да отидеме таму, да ни се соберат шиптарана, а они да не го срушат објектот.
НН: Така
ГЈ: Знаеш, не можеш да го срушиш со чекани, таму треба да го рушат ко шо треба да го рушат, а не се спремни за така. И подобро е да не одиме утре, пошто знаеш какви се тие, племе, ќе се соберат, ќе протестираат, нас ќе ни напраат проблеми.
НН: Договорено, договорено. Ќе го одложам тоа одењето.
ГЈ: Знаеш, нека не се појават, да не правиме трошоци, а после кога ќе си се спреми инспекторатов и ќе се преслушаме убаво и тогаш ќе дадеме асистенција. Вака без врска само нас ќе не наместат и ќе ни протестираат шиптаранава.
НН: Во ред, министерке, како мислите, ако е така, така ќе направиме, ќе се договориме тогаш. Јас многу внимание не му дадов, пошто и други настани имавме..и така да…
ГЈ: Да де да
НН: Знам дека јавил дека почнал да се интересира за тоа и така…
ГЈ: Не знам, он мене не ми се јавува, јас со Миле заедно на ….бевме сега и пошто таму, мислам ги знаеш какви се они, не можеш на крај да излезеш, сме ги збореле сто пати.

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски