Лидерот на СДСМ, Зоран Заев најави дека продолжува со објавување на „бомбите“, и како што рече со откривање на активностите на врвот на ДУИ.
– Јасна е нивната одговорност за состојбата во Македонија, ништо од тоа што го направил Груевски не би го направил без поддршката на ДУИ. Од ДУИ знаеле дека се прислушувани, биле внимателни на телефон, но аудио снимките сепак можат да го разобличат однесувањето на ДУИ. Примарна цел не им биле граѓаните, туку моќ, власт за лични интереси и пари, рече Заев.
Заев објави снимка помеѓу Али Ахмети и претседателот на огранокот на ДУИ за Чаир, Бекир Асани.
– Али Ахмети посредува на некој бизнисмен да му се продаде објект во Чаир за 1000 евра по метар квадратен . Тој дури и го советува Бекир Асани да каже дека не се слушнале со Ахмети и дека ќе биде тешко да го убедат.
1.Разговор помеѓу Али Ахмети и Беќир Асани
АА: Со здравје добар?
БА: Добар. Добар.
АА: Дома сите добри?
БА: Добри се.
АА: Браќата?
БА: Поминуваме некако.
АА: Е па добро.
БА: Ти благодарам
АА: Сакав да кажам…ако може да извадите 1000 за метар квадрат добро е…
БА: Ќе разговараме ние малку со тој. Сега е во Турција, тој што е заинтересиран, и доколку успееме, ќе биде добро. Мислам дека не вреди да ја задржиме.
АА: Со 1000 ич не прашувај.
БА: Ок, шеф.
АА: Слободно.
БА: Важи.
АА: После ќе видиме. Важно е добра соработка.
БА: Вреди.
АА: Да, вреди.
БА: Не се малку.
АА: Колку можеш да му ја фрлиш, фрли му ја.
БА: Ок шефе.
АА: Изет не знае. Му реков на прашај го Беќо он знае како.
БА: Само да се врати од Турција. Он беше загреан да го земе.
АА: Вие ќе му кажете дека као ќе биде тешко да ме убедите мене….
БА: Ќе завршиме….
АА: ама ќе завршиме…( се смее)..ќе биде добро..