Лидерите на Хамас се собраа во Катар, каде ќе дискутираат околу предлогот за долготраен прекин на огнот со Израел.
Предлогот за примирје, кој е поддржан од Катар и Турција, се заснова врз нацрт кој е формулиран од специјалниот пратеник на ОН за Блискиот Исток, Николај Младенов.
Со предлогот се предвидува Израел да одобри изградба на пристаниште крај брегот на Појасот Газа, кое ќе биде под израелски или меѓународен надзор, За возврат Хамас би се согласил на петгодишен прекин на огнот, со можност за продолжување.
Идеи за примирје имаше и претходно, но Израел беше против барањето на Хамас да има аеродром и пристаниште, стравувајќи дека ќе ги користи за снабдување со оружје.