Албафон пропадна – се затвора четвртиот мобилен оператор

Од:

Четвртиот мобилен оператор Албафон повеќе нема да постои. Вчера корисниците добиле пораки дека компанијата нема повеќе да функционира и дека треба да се префрлат на друга мобилна мрежа.

Албафон нудеше телекомуникациски услуги на околу 16.000 корисници и ги користеше услугите преку мрежата на ОНЕ, за што веќе имале големи долгови кои не ги подмириле кон компанијата.

Од ОНЕ имало одличен договор за комерцијално работење на виртуелниот мобилен оператор Албафон. Во исто време понудиле и неколку солуции за надминување на големите финансиски долгови коишто компанијата ги имаше генерирано кон ОНЕ, дознава А1он. Но и покрај ова , сопствениците на Албафон не покажале интерес за исполнување на договорот и не ги прифатиле решенијата за надминување на финансиските долгови што неминовно доведе до одлуката тие да бидат исклучени од мрежата на ОНЕ преку која го обезбедуваа извршувањето на своите операции.

Од компанијата ОНЕ ги повикуваат сите корисници на Албафон да ја искористат можноста за бесплатно мигрирање на својот број во ОНЕ и користење на најповолните при паејд понуди што ги нуди ОНЕ и Џабест.

Албафон беше четвртиот мобилен оператор чија целна група беа првенствено граѓаните со албанско етничко потекло-како начин за остварување на подобри економски резултати што се покажа погубно за пазарната логика во која главна улога играат цените и технолошкиот напредок.

Пред две години кога беше пуштен во употреба префиксот 073 од компанијата кажаа дека една од главните цели на Албафоне е да им служи на корисниците. Албафоне ќе расте заедно со своите корисници, секогаш ќе ги следи и применува најновите технолошки иновации и за кратко време ќе понуди нови услуги на пазарот, соопштија од компанијата на стартот.

Т.Ц.

Би можело да ве интересира

4iG ги поттикнува иновациите и растот како лидер на пазарот во мобилните телекомуникации

Горан Наумовски

На мобилен месечно зборуваме по 3,5 часа, на фиксен половина час

Ана Ололовска

A1 Македонија ќе ги доставува месечните сметки електронски до корисниците

Ана Ололовска

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Во првиот квартал 1,9 милиони претплатници во мобилната телефонија

Ана Ололовска

Во мобилната телефонија 1,969 милиони претплатници

Ана Ололовска