„Саем за чиста енергија“ како дел од ЕУ неделата за одржлива енергија ќе се одржи денеска и утре во Скопје во организација на Здружението на граѓани „Гоу Грин“, а во партнерство со Фондацијата „Конрад Аденауер“ и Француската амбасада во Скопје.
Младите во Македонија на саемот ќе можат да се информираат за можностите за академски и професионален развој во областа на обновливите извори на енергија.
Целта на саемот е да се поврзат младите луѓе со компаниите кои работат на обновлива енергија и универзитети кои нудат студии од оваа област.
Како што информираат организаторите, саемот ќе претставува средба на побарувачката (студентите) и понудата (универзитети и компании) на пазарот на трудот за чиста енергија.