Времено затворени рестораните во Лептокарија и Мирковци

Од:

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) времено ги затвори двата угостителски објекта, во ТЦ Лептокарија и во село Мирковци – Скопско откако доби известување од Центарот за јавно здравје дека на Клиниката за инфективни болести викендов се примени неколку лица со симптоми на труење.

По спроведената контрола во соработка со санитарната инспекција при што беа земени мостри од храната која се послужувала и брисеви од работните површини, АХВ наложи и генерално чистење, вршење дезинфекција, како и упатување на вработените на  вонреден санитарен преглед.

– Решенијата за времено затворање  на објектите ќе останат на сила се додека не се потврди безбедноста, односно додека со повторни контроли не се потврди дека операторите со храна постапиле по дадените насоки од страна на инспекциските служби за отстранување на недоследностите, соопшти Агенцијата.

Доколку се утврди дека труењето е настанато во соодветниот објект, дека инфекциите потекнуваат од храната која се послужувала во овие објекти или од загадени работни површини, согласно одредбите од Законот за безбедност со храна, на операторите со храна ќе им биде изречена и соодветна парична казна.

Би можело да ве интересира

Миланов унапреди роднината на раководна позиција во АХВ

Казна за операторот со храна по труењето во „Димо Хаџи Димов“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Ако не гледаат глувци низ ходниците и бубашваби во јадењето во средношколскиот интернат, тогаш во АХВ има сериозен проблем

Се испитуваат кујните во девет основи училишта во Карпош по труењето во „Димо Хаџи Димов“

АХВ во зимски сон: Бубашваби на менито секој ден за средношколците во интернатот Здравко Цветковски ГУЦ

Предраг Петровиќ

Спречено е 20 тони небезбеден помфрит од Холандија да заврши на македонскиот пазар

Предраг Петровиќ