Властите во Мексико наредија училиштата да бидат затворени денеска и да се обезбедат навреме засолништа поради тропската бура Карлос што се наближува до југозападното крајбрежје на државата.
Карлос од вчера е тропска бура иако претходно беше ураган и е на околу 150 км. од Акапулко со веторови од 110 км/час и се движи на северозапад.
Нафтената компанија Ројал Дач Шел почна со евакуација на работниците од нафтени платформи во Мексиканскиот залив поради можноста да се формира тропски циклон во следните 48 часа. Американскиот Национален центар за следење урагани предупреди дека услови за тропска бура има во близина на брегот на Тексас и на Луизијана.