Две лица се потешко повредени, а неколку полесно во сообраќајна несреќа која околу 17 часот се случила на патот Охрид-Кичево, кај местото викано Лавчанско свлечиште кај кичевското село Извор, јави Курир.
Од СВР Охрид изјавиле дека во сообраќајката учествувале мини бус со прилепски регистарски таблички и „цитроен“ со кичевски регистерски таблички.
Потешко повредени, но надвор од животна опасност се двајцата возачи кои од кичевската болница, се пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Од минибусот на повреди се пожалиле и неколку патници.