Конзервација на фрескоживописот во храмот „Св. Ѓорѓија“ во Струга

Од:

Со поддршка на Министерството за култура во тек е конзервацијата и ревитализацијата на фрескоживописот на црквата „Св. Ѓорѓија“ во Струга, споменик на културата од 19 век.

Конзервацијата на фрескоживописот која се одвива во неколку фази е од исклучителна важност, особено од иконографски аспект и е дел од програмата на Министерството за култура за заштита на недвижното културно наследство.

Како што соопшти Министерството, во рамки на проектот стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците од Охрид во изминатиот период извршија истражувачки работи на фрескоживописот – беа отстранети наталожените нечистотии, а беше извршена и консолидација на испуканиот обоен слој. Со конзервацијата на фрескоживописот во целост ќе биде вратен првобитниот колорит и сјај на фрескоансамблот во црквата „Св. Ѓоргија“.

Храмот посветен на великомаченикот свети Ѓорѓија во Струга кој импонира со својата големина е изграден врз темелите на постара црква која датира од периодот на владеењето на Цар Самоил. Во црквата се наоѓа и најстарото познато сликарско дело, исцелителната икона со претстава на св. Ѓорѓија во цел раст, насликан фронтално со меч и копје во рацете, која датира од 1267 година.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза