2-кратниот шампион Хорхе Лоренцо продолжува со импресивните настапи во Мото ГП шампионатот. Тој денеска ја забележа четвртата победа во низа, по триумфите на патеките Херез, Ле Ман и Мугело, славеше и на Каталуња.
Шпанецот со голема леснотија стигна до денешниот триумф, водејќи во текот на целата трка, оставајќи го зад себе тимскиот колега Валентино Роси.
Денешната трка не ја заврши шампионот Марк Маркез ниту Алеиш Еспераго кој стартуваше прв, а третопласиран, зад Лоренцо и Роси, беше Дани Педроза.
По најновиот триумф, Лоренцо сега заостанува само еден бод зад Валентино Роси во генералниот пласман во Мото ГП шампионатот.