Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во финалето на фјучрс турнирот во романскиот град Галаци откако во полуфиналето загуби од Романката Кристина Дину со 2-1 во сетови (6:3; 0:6; 0:6).
Овој турнир се игра за награден фонд од 25.000 долари и за пласманот во полуфиналето Ѓорческа ќе освои 18 поени што ќе и овозможи напредок на ВТА листата.
Ѓорческа мечот го почна добро и првиот сет го доби со 6:3 во гемови и имаше три брејка. Но, следните два сета Дину ги доби без загубен гем и притоа имаше шест од вкупно седум брејка во мечот.
Нашата тенисерка на овој турнир освои една титула откако вчера токму со денешната ривалка победија во игра на двојки.